Едно лице било убиено утринава во полициска акција во село Мерово, тетовско, јавува Нетпрес повикувајќи се на неофицијални информации.
Според порталот полициската акција била спроведена за приведување лице осомничено за криминални дела, кое се барало со меѓународна потерница.
МВР најави подетални информации во текот на денот. Сознанијта на „Нетпрес“ се дека акцијата била изведена од специјалци на ЕСЗ „Тигар“.