Хроника 12. јули 2020. / 14:00

Уапсени неколкумина дилери на марихуана во Скопје

Уапсени неколкумина дилери на марихуана во Скопје

На 12.07.2020 во 00.15 часот, полициски службеници од СВР Скопје во Градскиот парк го лишиле од слобода Д.Т.(22) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 11.07.2020 во 15.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Димче Мирчев“ ги лишиле од слобода Е.Х.(30) и А.Н.(30), двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана и дигитална вага.

По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.