Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица Гостивар, вчера околу 23 часот и 45 минути, на улица „Живко Брајковски” во Гостивар ги лишиле од слобода А.И.( 24 ) од Гостивар и Т.С.( 25 ) од Долна Бањица.
Кај нив била пронајдена марихуана.
Лицата се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување на случајот.