Хроника 23. декември 2020. / 15:57

Уапсен велешанец кој нападнал 20-годишник и му одзел мобилен

Уапсен велешанец кој нападнал 20-годишник и му одзел мобилен

Полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 23-годишниот Р.С. постапувајќи по претходна пријава на 20-годишниот С.С. од Велес дека вчеравечер околу 18.00 часот, додека одел накај обложувалница на улицата „Благој Ѓорев“ бил физички нападнат од Р.С., при што му бил одземен мобилниот телефон.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.