Вчера попладне на Граничниот премин „Богородица“, при проверка на Е.Х. (30) од село Ларце, тетовско, било констатирано дека тој се наоѓа на листата со мерка „А” (апси) по наредба од Основен Суд-Тетово, а за спроведување до Казнено-поправната установа Тетово за издржување казна затвор.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.