Хроника 10. ноември 2020. / 13:34

Уапсен маж од Кавадарци – сопругата го пријавила поради семејно насилство

Уапсен маж од Кавадарци – сопругата го пријавила поради семејно насилство

Жена од Кавадарци пријавила семејно насилство, по што полицијата го привела нејзиниот сопруг.

Синоќа во 22 часот и 35 минути во Полициската станица-Кавадарци, 50-годишна кавадарчанка пријавила дека околу 22.30 часот во семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг, за МИА потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

Лицето било лишено од слобода, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.