Хроника 04. април 2019. / 10:52

Уапсен Албанец на Табановце – си долепувал страници во пасошот

Уапсен Албанец на Табановце – си долепувал страници во пасошот

Синоќа околу 22 часот на Граничниот премин Табановце, при пасошка контрола, било констатирано дека во патната исправа на лицето Б.Ф. (47) од Република Албанија биле отстранети делови од страници и на истите места биле додавани-прелепувани делови од страници од друга патна исправа.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.