Хроника 25. јануари 2020. / 18:27

Тројца браќа во притвор за убиство на татко им во велешко

Тројца браќа во притвор за убиство на татко им во велешко

Во Полициската станица во Велес се приведени И.Т.(20). Д.Т.(28) и М.Т.(49) од велешкото село Долно Караслари поради основано сомнение за сторено кривично дело убиство на нивниот татко и сопруг З.Т. (58), а судија на пртходна постапка им одреди притвор.

Како што информира МВР, на 19 јануари годинава М.Т., сопруга на З.Т., пријавила дека тој починал во неговиот дом, по што е извршен увид и констатирана смрт од страна на лекар без видливи траги на насилство, а јавен обвинител наредил да се изврши обдукција врз телото.

– По извршената обдукција на телото, утврдено е дека смртта настапила како последица на задушување на лицето, по што од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, сектор за општ и насилен криминал при МВР и СВР Велес се преземени мерки и активности за расчистување на случајот и биле приведени М.Т. (сопруга на З.Т.) и И.Т. и Д.Т. (синови на З.Т.). По обезбедните докази, тие се предадени на јавното обвинителство, по што се изнесени пред судија на претходна постапка во Основен суд – Велес, каде судијата им одредил мерка притвор – соопштија од МВР