Хроника 17. март 2019. / 13:30

Три жени нападнале младо момче во локал во Кичево

Три жени нападнале младо момче во локал во Кичево

Три жени нападнале 24-годишен кичевец, додека си работел во локалот.

Завчера во пладневните часови кога во угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Кичево три непознати женски лица го нападнале А.Б. од кичевското село Грешница, вработен во локалот.

Полициската станица од Кичево презема мерки за пронаоѓање на напаѓачите, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.