Хроника 05. февруари 2019. / 15:35

Три скопјанки се истепале поради расправија во сообраќајот

Три скопјанки се истепале поради расправија во сообраќајот

Скопјанка била истепана од две сограѓанки поради расправија за сообраќен прекршок информираше МВР.

Инцидентот се случил вчера околу 18 часот на улицата Вера Јоциќ во населбата Кисела Вода.

Случајот во полицијата го пријавила И.У.(29), која била физички нападната од две непознати женски лица. Причина за нападот била расправијаво врска со сообраќајот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.