Хроника 05. декември 2020. / 22:00

Три лица повредени во сообраќајка во Штип

Три лица повредени во сообраќајка во Штип

Три лица се тешко повредени во сообраќајка во Штип. Од МВР информираат дека на местото на несреќата бил извршен увид и се утврдуваат причините за несреќата.

На 04.12.2020 во 20:10 часот било пријавено дека во Штип на ул.„Брегалничка” се случила сообракајна незгода помеѓу патничко возило „форд мондео”, управувано од 35-годишниот Д.И. од Штип и патничко возило „ауди а3″, управувано од 51-годишниот Ѓ.Н. од Штип, и двете со штипски регистарски ознаки.

Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобил Ѓ.Н., а со телесни повреди се здобиле Д.И. и уште еден сопатник од возилото „ауди”, А.Б.(37) од Штип, констатирани во Клиничката болница Штип.