Хроника 05. март 2019. / 15:41

Три лица ограбиле бутик во Тетово, па го нападнале обезбедувањето

Три лица ограбиле бутик во Тетово, па го нападнале обезбедувањето

СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.Ф. (18) од село Кондово, скопско, О.Р. (30) од село Матка, скопско и против О.Р. (18) од село Копаница, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојничка кражба’’ и против З.И. (18) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично деко „прикривање’’.

На 15.02. годинава околу 21 часот во бутик во трговски центар во Тетово прво, второ и трето пријавените одзеле текстилна стока и се дале во бегство. На излезот од трговскиот центар, вработен во агенција за обезбедување се обидел да ги спречи, но тие физички го нападнале и побегнале.

Во петокот, при претрес во домот на четвртопријавениот, била пронајдена текстилната стока која потекнува од кривичното дело, по што била вратена во бутикот.