Хроника 28. септември 2020. / 11:37

Три физички напади во Велес изминатиот викенд

Три физички напади во Велес изминатиот викенд

Четириест и тригодишниот З.Т. од Велес вчеравечер, околу 2:30 часот, во СВР Велес пријавил дека на улицата „Борис Трајковски“ бил физички нападнат од три лица. Портпарол от на СВР Велес Верољуб Додевски информира дека се работи на расчистување на случајот.

Вчеравечер, околу 00:30 часот во Полициската станица Кавадарци, 19-годишниот С.П. од село Возарци, Кавадаречко, пријавил дека пред угостителскиот објект во Градско бил физички нападнат од 28-годишниот П.Ј. од Росоман.
Како што информира Додевски, по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во саботата, околу 16:45 часот во СВР Велес, 54-годишниот С.М. од Велес пријавил дека на ул.„Наце Димов“ во Велес бил физички нападнат од Р.Н.
-По целосно документирање на случајот ќе биде поденесена соодветна пријава,информира Додевски.