Хроника 20. септември 2020. / 13:20

Трaгедија: Почина жена, откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот маж

Трaгедија: Почина жена, откако врз неа паднало дрво што го сечел нејзиниот маж

Несреќата се случила вчера утринава во атар на с.Мокриево, струмичко.

Во нива на место викано „Длабока“, додека Д.Н. сечел дрва, едно од дрва паднало и ја повредило неговата сопруга Ж.Н.(59), при што таа починала на лице место, информира МВР.

Лекар констатирал смрт, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Струмица.