Вчера околу 14 часот двајца насилници нападнале неколку патници во автобус на ЈСП со број 33, соопштуваат од полицијата
Двајцата тинејџери нападнале три лица на возраст од 17 и 15 години, како и М.Е.(44) од Скопје.
По преземени мерки за расчистување на случајот во полициска станица се повикани Б.Р. (18) и уште едно малолетно лице и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.