Вчера околу 15,00 часот, 30- годишниот А.З од село Непроштено-тетовско, пријавил дека истиот ден околу 14,00 часот му била загрозена безбедноста, додека со семејството се враќал од Тетово. А.З. со неговото возило „Голф“ застанал во близина на спортската сала во Непроштено.
– По него застанало и друго возило „Цитроен“, со кое претходно се престигнувале по патот. Од другото возило излегол 61- годишниот А.С од село Џепчиште и по кратка расправија извадил пиштол, а А.З. веднаш го напуштил местото на настанот, се вели во соопштение од полицијата.
Подоцна, А.С. самиот се пријавил во Полициското одделение Теарце.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.