Хроника 12. јули 2019. / 11:35

Тетовец почина откако со голф удри во паркирано возило

Тетовец почина откако со голф удри во паркирано возило

Вчераутро околу 09 часот во с. Челопек, тетовско, С.И. (56) од с. Челопек, управувајќи „Фолксваген Голф“ со скопски регистарски ознаки, удрил во паркирано патничко возило.

По незгодата, С.И. бил пренесен во Клиничкиот центар Тетово, каде била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.