Хроника 22. март 2019. / 11:07

Тешко повредено 11-годишно дете на велосипед од удар од автомобил

Тешко повредено 11-годишно дете на велосипед од удар од автомобил

Единаесетгодишно дете, кое возело велосипед, се здоби со тешки телесни повреди, откако било удрено од патничко возило во Прилеп.

Несреќата се случила вчера претпладне, а околу 11:30 часот било пријавено дека на крстосница од улиците „Мукос“ и „Шаќир Војвода“ патничко возило „Фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки управувано од Р.Д.(19) од Прилеп удрило во 11-годишен  велосипедист од Прилеп.

Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската општа болница Прилеп, каде му била укажана лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се работи на расчистување на случајот.