Хроника 28. мај 2020. / 11:14

Тешко повредена работничка во фирма во Кавадарци

Тешко повредена работничка во фирма во Кавадарци

Работничка во фирма во Кавадарци е тешко повредена додека била на работното место.

Работничката М.Д.С.(37) од село Бегниште со тешки телесни повреди е донесена во Општата болница во Кавадарци. Таа се  повредила при извршување на работни задачи во фирма во Кавадарци – се наведува во соопштението на МВР.

Настанот во полицијата е пријавен од Општата болница во Кавадарци.

Известен е и  јавен обвинител и трудов инспектор, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кавадарци.