Мотоцикл „лифан“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Ј.К.(50) вчера околу 11:45 часот на улицата „Академик Пенчо Давчев“ во Велес удрил во куче, по што паднал на коловозот.
Притоа, мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во болницата во Велес, информира МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.