Хроника 17. март 2019. / 18:28

Тешка сообраќајна незгода на автопатот Градско-Велес

Тешка сообраќајна незгода на автопатот Градско-Велес

Од 17.32 часот, затворен е сообраќајот на автопатот Градско-Велес поради сообраќајна незгода и ќе се одвива по регионалниот пат Градско-Велес, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ во извештајот за состојбата на патишта апелира до возачите да не го користат ни автопатот Миладиновци – Штип, секција Миладиновци – Кадрифаково и Кадрифаково – Миладиновци, бидејќи не е пуштен за сообраќај и се вршат проверки од безбедносен карактер.

Инаку, во моментов интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони.