Хроника 01. декември 2018. / 12:52

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево: Сообраќајот во прекин

Тешка сообраќајна несреќа пред околу еден час се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.

Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистерски таблички, а на самото место се наоѓаат екипи на СВР – Охрид, на Територијалната противпожарна служба и на Службата за итна медицинска помош.

Моментално сообраќајот на патниот правец е во прекин, барем додека не се укаже помош на повредените во несреќата. Две лица веќе се на пат кон бочлница. Нема информации дали во несреќата има смртно настрадани.