На 20.09.2018 година во 22,00 часот било пријавено дека во Комплексот клиники “Мајка Тереза” во Скопје во детската клиника на четврти кат бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата С.С.(36), К.Г.(24) А.М.С.(33) од една страна и лицето Ф.С.(29) од друга страна.
Причина за тепачката било меѓусебно недоразбирање околу семејни проблеми. Се преземааат мерки за расчистување на случајот.