На 04.10. околу полноќ по добиена пријава во СВР Скопје дека во угостителски објект во населба Илинден има нарушен јавен ред и мир и има едно лице со повреди, полициски службеници од СВР Скопје излегле на местото на настанот.
-Според пријавеното, З.И.(42) од с.Марино со тврд предмет го удрил М.Т.(25) и истиот паднал во безсознание по што со возило на итна медицинска помош е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, информира МВР.
По наредба на јавен обвинител З.И. е задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.