Хроника

Тепачка пред кафеана кај „Лептокарија“

Во полициска станица во Скопје, вчера околу 23:50 часот, 33-годишниот А.Н. од Скопје пријавил дека околу 21:20 часот пред кафеана во Трговски центар Лептокарија бил физички нападнат од Г.К.

Тие претходно се договориле да се сретнат во кафеаната за да разговараат за недоразбирање кое го имаат. Откако А.Н. пристигнал бил физички нападнат од Г.К.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.