Хроника 06. октомври 2019. / 17:52

Тепачка на две групи на улица „Самоилова“ во Скопје

Тепачка на две групи на улица „Самоилова“ во Скопје

Група момчиња се степале на улицата ,,Самоилова” во Скопје.

Како што информираат од полицијата, во текот на вчерашниот ден, околу 17.00 часот, во Полициската станица Центар било пријавено дека на ул.„Самоилова“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу В.Т.(21) и А.Д.(30), од една страна и С.О. и С.Н., од друга страна.

Се работи на расчистување на случајот.