Хроника 11. април 2018. / 17:47

Стружанец нападал полицаец: Почнал да „дивее“ низ судот

Стружанец нападал полицаец: Почнал да „дивее“ низ судот

Полициската станица Струга, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против 32- годишниот М.М од село Радолишта, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“.

– М.М. на 20.03.2018 година во Основниот суд Струга физички нападнал судски полициски службеник. Тој требал да добие уверение потребно за издавање патна исправа и кога судскиот службеник го известил дека треба да изврши уплата за барањето, започнал да го навредува и да му се заканува, а се обидел и да влезе во канцеларијата на претседателот на судот. М.М., исто така, удирал по рентгенот и детекторот на влезот во судот, а во еден момент го турнал судскиот полициски службеник- се вели во соопштение од полицијата.