Жител на Берово вчера загинал во сообраќајна незгода, откако со својот автомобил удрил во столб.
Од МВР соопштија дека на 08.07.2019 околу 19.45 часот на ул.„Вељко Влаховиќ“ во Берово Ѓ.Р.(75) од Берово, управувајќи патничко возило „Југо Корал 55“ со штипски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во столб.
Од ударот Ѓ.Р. починал на местото на настанот. Увид извршила екипа од Полициската станица Берово, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, соопштува МВР.