Во 20,00 часот вчера во Прилеп се случила голема трагедија откако се запалила куќа на улицата „Митко Цветановски“.
Во куќата, како што денеска информираат од Министерството за внатрешни работи, била пронајдена почината 82-годишната М.К. која била сопственичката. Смртта настапила најверојатно од задушување со чад.
Пожарот е изгаснат од страна на Противпожарна екипа.
Извршен е увид на местото на настанот.