Хроника 17. јуни 2019. / 17:10

Спречена трагедија во велешко: Сакал да ја застрела сопругата, но синот му го зел пиштолот

Спречена трагедија во велешко: Сакал да ја застрела сопругата, но синот му го зел пиштолот

Вчера околу 15.00 часот во СВР Велес било пријавено дека во село Горно Оризари, велешко, по вербална расправија, 60- годишниот В.А се обидел физички да ја нападне неговата сопруга 52- годишната Е.А, но бил спречен од неговиот син Ј.А.(30).

Според пријавеното, после тоа В.А. зел пиштол, но Ј.А. успеал да му го одземе, излегол надвор и испукал неколку куршуми во воздух.

По преземени мерки, В.А. и Ј.А. биле приведени во СВР Велес за понатамошна постапка.