Хроника 13. јануари 2019. / 21:52

Спасени петмина македонски скијачи откако паднале во провалија

Спасени петмина македонски скијачи откако паднале во провалија

Петмина македонски државјани, скијачи и сноубордери кои скијале на необезбедени патеки на Пирин, Бугарија вечерва околу 22 часот по локално време се безбедно извлечени живи здрави, откако попладнево паднале во провалија. Операцијата за спасување се одвивала од страна на Дамјанишка долина, пренесуваат бугарските медиуми.

Сигналот за помош пристигнал до Планинската спасувачка служба во Банско. Околу 18 часот вечерва 12 спасители започнаа акцијата за спасување на луѓето во планината.

– Сите пет македонски државјани се живи и здрави. Нема опасност за нив, уверуваат спасителите.

Ова се случува два дена, откако петокот во лавината над Банско двајца сноубордери ги загубија животите. Лавината падна на делот познат како Тодорка.