Хроника 17. август 2019. / 21:35

Соседи во Драчево се истепале поради патот до нивните куќи

Соседи во Драчево се истепале поради патот до нивните куќи

Скопската полиција морала да интервенира откако расправија помеѓу комшии прераснала во тепачка.

Инцидентот се случил вчера околу 20 часот на улицата „Герника -1“ во Драчево, кога бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка меѓу лицата Д.С.(58), Ж.С.(32) и Т.В.(51) од една страна и С.С.(31), С.С.(22) и М.С.(42) од друга страна. До расправијата дошло поради недоразбирање околу користење на патот до нивните куќи.

Сочинети записници за констатиран прекршок по член 11 од ЗППЈРМ.