Хроника 19. април 2019. / 19:41

Сообраќајна несреќа во Чаир: Повредени две жени и две малолетни деца

Сообраќајна несреќа во Чаир: Повредени две жени и две малолетни деца

Попладнево на улица Кемал Сејфула во скопската населба Чаир се случи стравична сообраќајна несреќа во која се повредени две жени и две деца од 7 до 10 годишна возраст, пренесува Слободен Печар.

Според очевидците, плавото југо направило прекошок преминувајќи на спротивна лента на две полни линии и удрило директно во возилото марка Пежо 307 управувано од женско лице.

Во пежото имало уште една жена на совозачкото седиште и две деца на возраст меѓу 7-10 години. Децата имаат телесни повреди, но жената што управувала со пежото е потешко повредена.