Хроника 30. ноември 2020. / 11:32

Со закана со пластичен пиштол украдени 300.000 денари од финансиско друштво во Скопје

Со закана со пластичен пиштол украдени 300.000 денари од финансиско друштво во Скопје

Скопското Обвинителство спроведува истрага против две лица поради грабежот врз филијалата на финансиско друштво што се случи во петокот.

Според информациите на Обвинителството, едниот осомничен, на возраст од 31 година, чувал стража пред вратата на објектот. За тоа време, другиот осомничен, 63-годишен скопјанец, влегол внатре, на вработените им се заканил со пластичен пиштол, па од сефот и фиоките на финансиското друштво одзел 303.606 денари.

Двајцата осомничени потоа избегале во правец кон Камениот мост, но овластени службени лица ги пресретнале и ги лишиле од слобода, а парите им ги одзеле.

За двајцата осомничени надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор поради опасност од бегство, можност да влијаат врз сведоците/оштетените или да го повторат делото.​