Синоќа во сообраќајна незгода чии причини се непознати и допрва ќе се утврдуваат целосно се уништени апаратите за електронска контрола на паркиралиштето во центарот на Охрид.
Од непознати причини возач изгубил контрола врз возилото и целосно ги откорнал од постаментите апаратот за детектирање на картичките и оние за платено паркирање, како и рампата за излез од паркиралиштето кај Градскиот плоштад на пристаништето во Охрид.
За кратко време се очекува да биде откриена причината за несреќата со оглед на тоа што просторот целосно е покриен со камери за видео-надзор.
Претходно, во неколку наврати намерно беа оштетувани апаратите за наплата и рампите во градот.
Граѓаните на Охрид се со поделени мислења по однос на овој начин на уредување на сообраќајот и паркирање во градот. Најмногу забелешки имаат граѓаните во стариот дел на градот, кои мора да поминат низ рампите за влегување и излегување од дома