Хроника 28. ноември 2019. / 18:45

Снаа добила ќотек од свекрвата, по што сопругот и се заканувал

Снаа добила ќотек од свекрвата, по што сопругот и се заканувал

Снаа од скопското село Мирковци била физички нападната од свекрвата, а сопругот и се заканил дека ќе ја убие.

Од МВР информираат дека утринава во 1:15 часот во СВР Скопје, К.С.(29) од Мирковци пријавила дека на вчера околу 21 часот во семејниот дом во селото, по претходна расправија, била физички нападната од свекрвата Д.П.К., а потоа и нејзиниот сопруг Д.К. ѝ упатувал закани по живот.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.