Хроника 09. јули 2018. / 21:32

Скопјанка нападната од кучиња

Скопјанка нападната од кучиња

М.П.(37) од Скопје, вчера во 10.40 часот пријавила дека претходниот ден околу 20.30 часот додека се движела по улицата Димитрије Чуповски била нападната од неколку кучиња-скитници.

Едно од нив ја каснало за левата подколеница по што се упатила во Комплексот клиники „Мајка Тереза” за укажување на лекарска помош.