Непознато машко лице синоќа во 21 часот и 10 минути физички ја нападнал 26- годишната В.Џ од Скопје, која била на прославата во Градскиот парк.
Како што соопшти МВР, нападот се случил додека В.Џ. била со неколку нејзини пријатели, држејќи платно со порака пред бината.
Случајот В.Џ. синоќа во 23 часот и 15 минути го пријавила во полиција. Се преземаат мерки за расчитување на случајот.