Хроника 31. јули 2019. / 17:59

Скопјанец доби кривична пријава поради закани на Фејсбук

Скопјанец доби кривична пријава поради закани на Фејсбук

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д. (46) од Скопје поради „загрозување на сигурноста“ по чл.144 ст.4, предвидено и казниво според Кривичниот законик.

Скопјанецот користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“, на 23 и 24 јули објавил содржини со заканувачка содржина.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР постапува уште по десетина вакви и слични случаи, за кои во текот на утрешниот и наредните денови ќе бидат поднесени соодветни пријави.