Хроника 27. декември 2018. / 14:06

Штипјанец претепан во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

Штипјанец претепан во Скопје поради недоразбирање во сообраќајот

Дваесет и деветгодишен маж од Штип, со живеалиште во Скопје, пријавил дека бил физички нападнат од непознато лице кое управувало со товарно возило.

Причина за нападот што се случил на улицата „Народен фронт“, според пријавата, било недоразбирање во сообраќајот, соопшти полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.