Хроника 27. септември 2020. / 14:00

Се зголемува бројот на казни за неносење маска: МВР регистрира 528 прекршоци

Се зголемува бројот на казни за неносење маска: МВР регистрира 528 прекршоци

Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република С. Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лицето, регистрирани се 528 прекршоци, информира Министерството за внатрешни работи.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата со цел справување со Ковид-19.