Хроника 06. декември 2019. / 18:08

Се запали подрум од куќа во Кавадарци, за среќа пожарникарите интервенирале навреме

Се запали подрум од куќа во Кавадарци, за среќа пожарникарите интервенирале навреме

Се запали подрум од куќа попладнево на улицата „Наца Пинџурова” во Кавадарци. Според очевидци, пожарникарите спречиле да изгори куќата.

Од Територијалната противпожарна единица велат дека причина за пожарот во подрумот најверојатно е неисправен фрижидер кој се запалил.

Пожарникарите на лице место интервенирале со две возила и четворица пожарникари.