Хроника 19. декември 2018. / 10:21

Се преврте возило кај Прилеп, еден тешко повреден

Се преврте возило кај Прилеп, еден тешко повреден

Возило се преврте пет минути по полноќ на патниот правец Битола – Прилеп, пред клучката „Могила“.

Како што соопшти полицијата, со возилото управувало 21-годишно лице од Прилеп, кое ја загубило контролата над возилото.

Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.