Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
-Само на територијата на Општина Сарај изречени се вкупно 211 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 26, 31 за неисправни и нерегистрирани возила и 31 санкција за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.