Хроника 25. април 2020. / 15:00

Расправија за куче завршила со тепачка со железна шипка и безбол палка

Расправија за куче завршила со тепачка со железна шипка и безбол палка

Банална расправија се претворила во физичка пресметка во која употребени биле железна шипка и безбол палка. Едно лице со видливи повреди во пределот на лицето како и скршеница на прст на десната рака побарало лекарска помош во тетовската болница.

Полицијата од Групчин информира дека на 24 април 43 годишно лице од селото Добарце пријавил дека истиот ден тој и неговиот внук биле физички нападнати од две лица поради расправија околу чување куче во нивниот двор.

– Околу 9:00 часот, најпрво во неговиот двор влегло лицето Ф.А., кој побарал од неговиот внук Е.М. да си го чува врзано кучето во дворот затоа што му влегувало кај него дома по што ненадејно му удрил тупаница на Е.М. Неколку часа подоцна, поточно околу 15:30 часот, кај пријавителот дошол и синот на Ф.А., А.А. кој реагирајќи дека неговиот татко бил навредуван исто така му удрил една тупаница на И.М. Потоа расправијата продолжила во физичка пресметка- тепачка во која што Ф.А. и А.А. со железна шипка и безбол палка ги нападнале Е.М. и И.М, информираат од полицијата.

По настанот И.М побарал лекарска помош во Клиничка болница Тетово каде биле констатирани видливи повреди во пределот на лицето, како и скршеница на прст од десната рака. Се работи на целосно расчистување на случајот.