Хроника 25. мај 2019. / 20:12

Работник повреден во фабрика во Пробиштип

Работник повреден во фабрика во Пробиштип

Работник бил повреден ноќеска при работа во фабрика во Пробиштип.

Како што соопшти МВР, изутринава во 00:40 часот во Полициската станица Пробиштип било пријавено дека во Јавната здравствена установа Пробиштип бил донесен Д.Ј.(23) од Пробиштип.

Според пријавеното, работникот се здобил со повреди при работа во фабрика во Пробиштип по што бил префрлен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.