Хроника 06. мај 2020. / 16:19

Пукање во Чаир во близина на штабот на ДУИ

Пукање во Чаир во близина на штабот на ДУИ

Полицијата во моментов интервенира на територијата на општина Чаир откако по жестока расправија и физичка пресметка било посегнато и по огнено оружје. Во моментов немаме информации сега за сега која е причната за немилиот настан, објави Инфомакс.

Според информациите со кои што располага Инфомакс случувањата се одвивале во близина на штаб на ДУИ, па се поставува прашањето дали се работи за внатрепартиска пресметка. Со оглед на историјата ваквите пресметки во ДУИ во кои било употребено и огнено оружје не се реткост.