Eдно лице е повредено утрово во скопската населба Чаир кога на него било пукано од огнено оружје од непознато лице, дознава „360 степени“.
Во 5:45 часот во полицијата било пријавено дека се слушнале повеќе истрели од огнено оружје на улица „Архиепископ Доситеј“ во близина на ресторанот „Бизнис Фафа“ и градинката во Чаир и дека има повредено лице.
Според информациите на „360 степени“, врз повредениот било пукано додека се движел со мотоцил. Притоа, тој се здобил со повреда во левата потколеница, но успеал да се сокрие во блиска зграда, а по пријавата со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.
Повредениот носел панцир. Лицетот кое пукало кон него е сѐ уште непознато.