Хроника 20. ноември 2020. / 16:56

Пукање во Чаир: Блокирана улицата кај Јаја Паша

Пукање во Чаир: Блокирана улицата кај Јаја Паша

Полиција во скопски Чаир. Улицата кај Јаја Паша е блокирана, објави Курир.

Од порталот велат дека побарале одговор од Министерството за внатрешни работи за тоа што се случува во овој дел на Скопје.

Од таму информираат дека во 14:55 пријавено е пукање од огнено оружје на ул.“Цветан Димов“ пред продавница за автоделови. Како што дознаваме, до сега нема пријавено повредени лица.На местото на настанот се пронајдени чаури од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР, стои во објавата на Курир.