Хроника 06. јануари 2021. / 19:24

Пронајдено возилото украдено на Партизанска

Пронајдено возилото украдено на Партизанска

МВР денеска соопшти дека по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Скопје го пронашле возилото „ауди 6 кватро“.

Возилото претходниот ден било пријавено дека е одземено на бул. „Партизански одреди“ во Скопје, а полицијата веднаш започнала со потрага.

Во врска со овој случај, приведен е Н.Ш. (34) од Грчец, а извршен е и претрес во неговиот дом со цел целосно расчистување на случајот.